Креирај производ целосно по твоја идеја Сигурно и безбедно плаќање или плаќање при достава Бесплатни консултации за дизајн и персонализација 24/7 поддршка за вашите идеи и проекти Бесплатна достава над 1.000 денари Креирај производ целосно по твоја идеја Сигурно и безбедно плаќање или плаќање при достава Бесплатни консултации за дизајн и персонализација 24/7 поддршка за вашите идеи и проекти Бесплатна достава над 1.000 денари

За нас

PrintCraft.mk е иновативна платформа за персонализирани и прилагодени web-to-print производи, создадена за да им овозможи на клиентите целосна слобода во дизајнот и изработката. На нашата веб‑страница можете да креирате сопствени димензии, да користите бесплатни шаблони и да дизајнирате уникатни производи онлајн – лесно, брзо и достапно 24/7.

Покрај печатењето, ние работиме со ласерски системи, CNC машини и 3D принтери, што значи дека можеме да понудиме многу повеќе од класични печатарски услуги. Нашата платформа е единствена во регионот, овозможувајќи целосна персонализација и техничка поддршка за сите ваши идеи.

spot uv parcijalen lak

Парцијален лак и технологија

Во PrintCraft.mk користиме spot UV (парцијален лак) – современа техника која додава софистициран визуелен ефект и ја нагласува естетиката на секој големоформатен производ. Со селективно нанесување на лак, одредени делови од графиката добиваат дополнителна текстура, светлосен одраз и длабочина, што создава впечаток на луксуз и професионалност. Ефектот не е само контраст, туку динамична игра на површини која го прави дизајнот уникатен и препознатлив.

Нашите јапонски Mimaki и Epson големоформатни принтери овозможуваат и печатење со white ink и clear ink, што значи дека можеме да постигнеме ефекти невозможни со класичен печат – од работа на транспарентни и обоени материјали, до создавање слоеви со посебен визуелен изглед.

Оваа технологија е идеална за постери, графички панели, брендирани дисплеи, светлечки реклами и други големи формати, каде што визуелниот ефект е клучен за да се привлече внимание и да се остави силен впечаток.

Зошто да не изберете нас

  • Единствена платформа во регионот – целосна онлајн персонализација со сопствени димензии и бесплатни шаблони.

  • Современа технологија – Mimaki и Epson принтери, ласерски системи, CNC машини и 3D принтери.

  • Визуелна уникатност – spot UV (парцијален лак), white ink и clear ink за ефекти што се издвојуваат.

  • Техничка поддршка – секогаш подготвени да ги претвориме вашите идеи во реалност.

  • Локална достапност – изложбено место во Скопје – Кисела Вода и pickup точки во Центар и Визбегово.

персонализирани и прилагодени web-to-print производи
close